По многу тесните резултати минатата недела меѓу претседателското мнозинство и Нупес, вториот круг од законодавните избори оваа недела се најавуваше како неизвесен, за назначувањето на 577 идни пратеници на Националното собрание.
Парламентот на Украина, Врховната Рада, одобри повлекување на земјата од низа договори во рамки на Заедницата на независни држави (ЗНД), изјави денеска Тарас Мелничук.
Руски Гаспром во средината на неделата ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 за 60 отсто, што погоди голем број европски земји, меѓу кои Германија, Франција и Италија.
Повеќе пожари горат во Шпанија, каде што денеска температурите се малку пониски по една недела екстремни горештини, во Германија гори пожар во близина на Берлин, а Италија е тешко погодена од суша.
Во образложението заедно со предлог-законот се вели дека „музичкиот производ на државата агресор може да предизвика сепаратистички чувства кај населението“.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо денеска го обвини своето популистичко Движење Пет ѕвезди дека ги поткопува напорите на владата да ја поддржи Украина, а со тоа ја ослабува позицијата на Рим во Европската унија.
Почина Уфе Елеман-Јенсен, кој беше министер за надворешни работи на Данска повеќе од 10 години од раните 1980-ти.
Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодоњецк во источна Украина „успешно се развива“.
Молдавската претседателка Маја Санду потпиша закон со кој се забрануваат информативни програми од Русија, соопшти директорката на Советот за телевизија и радио, Лилијана Вицу.
Првиот човек на британската армија, генерал Патрик Сандерс изјави дека „британските војници мора да се подготват за борба во Европа“.