Кинескиот министер за одбрана Веи Фенге денеска изјави дека САД треба да ги подобрат билатералните односи, бидејќи нивниот заеднички однос е на клучен крстопат
Илјадници демонстранти во Вашингтон и другите градови низ САД вчера повикаа на протести за ограничување на поседувањето оружје и намалување на насилството по масакрот во мај во основно училиште во Тексас
Од осум часот изутринава во Франција се отворени гласачките места. Во првиот круг од изборите има речиси 6.300 кандидати за 577 пратенички места во Националното собрание
Боливиската опозиција повика на протести против пресудата против поранешната привремена десничарска претседателка Жанин Ањес, која беше осудена на десет години затвор по обвинението дека сама ја презела власта по оставката на поранешниот левичарски претседател Ево Моралес
Мисијата на Обединетите нации во Либија синоќа изрази загриженост за конфликтот во Триполи, по жестоката ноќна размена на оган меѓу милициите
Сите седум патници во хеликоптерот што се урна на Апенините, во северна Италија, се загинати, соопштија синоќа локалните власти
Русија веќе нема да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша специјален закон
Иранската влада е „опасно блиску“ до правење нуклеарна бомба, поради што е потребен поостар одговор од Западот, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет во интервју за денешното издание на „Телеграф“
Најмалку 287 деца се убиени во Украина, а 492 се ранети од почетокот на руската инвазија, соопшти синоќа Канцеларијата на јавниот обвинител во Киев
Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети Киев заедно со лидерите на Франција и Италија пред самитот на Г7 во јуни, јави синоќа германскиот високотиражен весник „Билд ам Зонтаг“