Шерман: При севернокорејска нуклеарна проба, САД, Јужна Кореја, Јапонија и светот ќе одговорат силно и јасно
САД, Јужна Кореја и светот силно и јасно ќе одговорат, доколку Северна Кореја изврши нуклеарна проба, предупреди денеска заменичката на американскиот државен секретар, Венди Шерман. – Било каква нуклеарна проба би претставувала целосно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации и ќе повлече со себе брз и силен одговор