Гутереш: Колку побрзо заврши војната во Украина, толку подобро за светот
Војната во Украина разгорува тродимензионалната глобална криза – храна, енергија и финансии – што најмногу ги погодува најранливите луѓе, земји и економии, напиша денеска на Твитер генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш.