Италијанската премиерка Мелони во посета на Саудиска Арабија, а потоа ќе замине за Бахреин
Италијанската премиерка Џорџа Мелони од денеска до понеделник престојува во посета на Саудиска Арабија, по што ќе замине за Бахреин, каде ќе разговара за ситуацијата во Сирија и Либан и други актуелни меѓународни прашања, соопштија извори блиски до италијанската Влада.