Советот на ОН за човекови права денеска ќе одлучи дали ќе почне истрага за наводните злоупотреби извршени од руските војници во регионот на Киев, за кои Украина вели дека претставуваат воени злосторства.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен в сабота ќе отпатува за Германија на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, каде што ќе разговараат за заеднички одговор на конфликтот во Украина
Рускиот гасен гигант Гаспром објави дека ќе престане да го користи гасоводот во сопственост на ЕуроПол ГАС, заедничко вложување меѓу Гаспром и полската компанија PGNiG, која управува со полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа
Британската полиција издаде повеќе од 50 нови казни за прекршување на антиковид правилата во Даунинг стрит и други владини згради
Европска Комисија денеска го претстави акцискиот план со кој се предвидува воспоставување на „солидарни патеки“ за да се овозможи копнен извоз на жито и други земјоделски производи од Украина, чии пристаништа се блокирани по руската инвазија
Француското Министерство за надворешни работи денеска побара итно ослободување на двајца француски државјани, кои се приведени во Иран
Кубанската државна фабрика „Хабанос С.А.“ соопшти дека во 2021 година забележала рекордна продажба на рачно изработени цигари и зголемување на приходот за 15 проценти во споредба со претходната година
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, заедно со Урсула фон дер Лајен, во Токио одржуваат самит ЕУ-Јапонија, главна тема е Русија но и соочувањето со Кина
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари во Полска работат повеќе од сто илјади украински бегалци, кои по процесот на прифаќање и интеграција имаат право на вработување, бесплатна медицинска нега, образование и социјална помош
Санкциите кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина ги намалија испораките на руска нафта, иако помалку од очекуваното, а ЕУ беше главен извозен пазар за руските барели во април, објави денеска Меѓународната агенција за енергија