САД мора да го контролираат Гренланд заради меѓународна безбедност, рече Трамп
Тој изрази интерес за припојување на Гренланд, автономна данска територија, кон САД откако беше реизбран за претседател во ноември минатата година. Доналд Трамп не исклучува употреба на воена или економска сила за да се убеди Данска да го отстапи Гренланд.