Пад на вредноста на акциите на Вол Стрит втор ден по ред
Цените на акциите на Вол Стрит синоќа паднаа втор ден по ред, последица на продолжувањето на војната во Украина и засилените инфлаторни притисоци врз САД, околности што можат да ја принудат Централната банка на САД на агресивно покачување на каматните стапки.