Министрите за внатрешни работи на ЕУ се согласија да создадат заеднички план за борба против трговијата со луѓе за да помогнат во заштитата на луѓето од ризиците по бегството од војната во Украина.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека го овластил шефот на хуманитарната организација да ја истражи можноста за хуманитарен прекин на огнот во Украина меѓу инволвираните страни.
Мировните преговори меѓу Украина и Русија најверојатно ќе започнат во вторник во Турција, соопшти Кремљ. Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во неделата се согласија дека разговорите за прекин на огнот ќе се одржат во Истанбул.
Рускиот олигарх Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаа симптоми што укажуваат на можно труење по состанокот во Киев претходно овој месец, јави Волстрит Џурнал, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.
САД ќе потрошат 6,9 милијарди долари за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и да ги поддржи земјите-членки на НАТО според предлог-буџетот што администрацијата на претседателот Џо Бајден го објави денеска.
Франција се обидува да добие дополнителни испораки на гас и нафта од земјите од Персискиот Залив наместо испораките од Русија, изјави министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.
Руската делегација пристигна во Истанбул, каде утре со делегацијата на Украина треба да ја одржат четвртата рунда преговори.
Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.
Протераните руски дипломати денеска ја напуштија Полска, изјави рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев.
Вистинската опасност за изборите, оценува коментаторот на париски Либерасион, бидејќи таа достигна, според анкетите, рекордно ниво од 30 отсто