Европскиот парламент изгласа закон, со кој потрошувачите ќе можат и во следните десет години да го користат својот мобилен телефон кога патуваат во ЕУ без дополнителни трошоци од тој што веќе го плаќаат дома, јави дописникот на МИА.
„Целта е да се обидат да се подготват и изведат офанзивни операции за опсадата на градот Киев“, се вели во соопштението на вооружените сили.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје во Украина.
Со ова, наведува весникот, двете најголеми нуклеарни сили немаат објаснувања за армиските движења со што се стравува дека може да се случат погрешни проценки и несреќи на бојното поле во Украина.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека со денешното присуство на лидерите на ЕУ, САД, Велика Британија и Канада, Брисел стана „центарот на слободниот свет“.
Руската амбасада во Франција вчера на Твитер објави, а потоа избриша, вулгарна карикатура насловена „Европската солидарност на дело“.
САД и Русија на крајот ќе ги вратат нормалните односи, можеби не наскоро, но тоа ќе се случи, изјави денеска американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан.
Франција во средата успешно тестираше модернизирана верзија на својата балистичка ракета со среден дострел АСМПА, кој може да носи нуклеарно полнење, соопшти во четвртокот француското Министерство за одбрана.
Лидерите на Европската унија нема да се согласат за воведување нови санкции против Русија за време на дводневниот самит во Брисел, изјави холандскиот премиер Марк Руте.