Премиерите на Полска, Чешка и Словенија разговараа со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, веднаш откако се вратија од Киев, информираше денеска портпаролот на полската Влада
Швајцарија денеска воведе дополнителни санкции против одредени руски олигарси, согласно проширената листа санкции што синоќа ја усвои Европската унија
Украина денеска ги отфрли предлозите на Русија за усвојување неутрален статус по примерот на Австрија и Шведска, велејќи дека разговорите со Москва за прекин на огнот треба да се фокусираат на „безбедносните гаранции“
Пакистан денеска ги укина сите ограничувања поврзани со коронавирусот, враќајќи го животот во земјата во предпандемиската нормалност. Одлуката следува откако бројот на Ковид-19 случаи опаѓаше веќе некое време, јави ДПА
Руската инвазија врз Украина ќе влијае врз целата глобална економија, ќе го забави нејзиниот раст и ќе ја зголеми инфлацијата и може суштински да го преобликува глобалниот економски поредок на долг рок, смета Меѓународниот монетарен фонд
Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер пристигна во петдневна мисија во Киев, со цел да помогне во олеснувањето на пристапот на хуманитарните организации што работат во земјата разурната од војната и да се изврши притисок за поголема цивилна заштита, јави ДПА
Демилитаризацијата на Украина според австрискиот или шведскиот модел, со зачувување на сопствената армија, а без присуство на странски воени бази, е компромис, оцени официјален Кремљ
Франција денеска потсети на обврската на завојуваните страни во Украина да ги заштитат новинарите кои известуваат за конфликтот, по смртта на четворица од нив, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари
Велика Британија бара начин како да го отплати стариот долг кон Иран во вредност од 400 милиони фунти, изјави денеска британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас
Украинските власти денеска соопштија дека е убиен уште еден руски генерал. Тоа е четврти руски генерал што загинал во Украина