Северна Кореја денеска лансираше „непознат проектил“, но тестирањето најверојатно е неуспешно, соопшти армијата на Јужна Кореја
Турција која во моментов има улога на „балансер“ треба да биде внимателна за да не потпадне на пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска амбасадорот на ЕУ во Анкара, Николаус Меер-Ландрут
Париз е подготвен да ја олабави контролата врз Корзика во процес што може да доведе до некоја форма на автономен статус на островот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин за весникот „Корз Матин“. Тој истакна дека е подготвен да разговара и за автономија
Директорот на мексиканскиот медиум Монитор Мичоакан, Армандо Линарес, е пронајден мртов, месец дена откако еден од неговите новинари беше убиен, јави ДПА
Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА
Авганистанските талибански власти ги затвораат дипломатските претставништва на земјата во САД седум месеци откако ја презедоа власта во Кабул, јави ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори
Украинскиот претседател Володомри Зеленски во нова видео порака ноќеска истакна дека нивните преговарачки позиции со Русија во конфликтот сега се многу пореални, пренесе ДПА
Од почетокот на агресијата досега руските вооружени сили имаат претрпено загуби до 40 отсто од ангажираната техника и луѓе во Украина, тврди Генералштабот на украинската армија
Амбасадорот на Украина во Германија Андриј Мелник оцени дека посредничките напори на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер меѓу Киев и Москва се неуспешни. – Прашањето е целосно затворено за нас, изјави Мелник за ДПА
Независна Украина ќе постои многу подолго отколку Владимир Путин, изјави синоќа во интервју за Си-Ен-Ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен