Делегациите на Украина и Русија ги продолжија преговорите по техничка пауза, информираше членот на украинската делегација Давид Арахамија, пренесуваат украински медиуми
Германската Влада инсистира на укинување на повеќето мерки против епидемијата на коронавирусот и покрај новиот рекорден број новозаразени
Руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова, која синоќа упадна во програмата на Првиот канал на руската телевизија со антивоен транспарент
Кремљ денеска предупреди дека САД треба да се погрижат националните интереси на Русија да бидат целосно земени предвид во иранскиот нуклеарен договор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон според кој секој соработник на „државата агресор“ може да биде ставен во затвор, информираше првиот заменик претседател на Врховната рада на Украина, Александар Корниенко
Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, околу 1,4 милиони деца ја напуштиле Украина, што значи дека секоја секунда по едно дете станува бегалец, соопштија ОН
Американскиот Стејт Департмент воведе санкции уште против 11 високопостаени функциониери на руските оружени сили и на капацитети од воено-индустрискиот комплекс
Досега околу три милиона лица побегнале од Украина од почетокот воената инвазија на Русија врз оваа земја, на 24 февруари, пресмета Агенцијата на ОН за бегалци, давајќи најновите информации за бројот на украински бегалци од војната
Прерано е да се предвидат можните резултати од преговорите меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ
Британската Влада ја пушти во употреба страницата „Домови за Украина“, за сите оние кои сакаат да им бидат домаќини на бегалци, а 89.000 лица се пријавија уште првиот ден, јави Би-Би-Си