Голем број противници на војната од Русија го повикуваат претседателот Владимир Путин да ја запре инвазијата на Украина.
На руската војска и е наредено да ја прошири својата офанзива во Украина „во сите правци“ откако Киев одби да одржи разговори во главниот град на Белорусија, Минск, се наведува во денешното соопштение на Министерството за одбрана.
Рамзан Кадиров, лидерот на руската провинција Чеченија и лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека чеченските борци се распоредени во Украина и побара од Украинците да ја соборат нивната влада.
Социјалната мрежа Твитер не е достапна во Русија. Во многу градови, особено во Москва, не е можен пристап до Твитер, а пристапот е прекинат денеска напладне, јави агенцијата Анадолија.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска во Берлин ја осуди „големата себичност“ на некои западни земји, „вклучувајќи ја и Германија“, по руската инвазија на Украина.
Британски тенкови пристигнуваат во Естонија како дел од потезите на НАТО за зајакнување на нејзиното источно крило по руската инвазија на Украина.
Поранешниот бугарски министер за одбрана, Георги Панајотов, за Нова ТВ коментираше дека НАТО не се подготвува никого да нападне, туку Бугарија и нејзините сојузници се подготвуваат да се одбранат.
Во Словачка ќе бидат распоредени околу 1.200 странски војници од другите земји членки на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти денеска словачкото Министерство за одбрана.
Со цел да се спречи очекуваниот голем руски напад врз украинскиот главен град Киев, локалните власти соопштија на жителите на главниот град им е поделено многу оружје.
Украина денеска ги демантираше изјавите дека ги одбила преговорите за примирје со Русија, притоа нагласувајќи дека не се согласува со ултиматуми или неприфатливи услови.