Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, остро ја осуди воената „агресија на Русија против Украина без преседан“ и најави нов пакет санкции на Европската унија, за кои лидерите на ЕУ ќе разговараат вечерва на самитот во Брисел
Командантот на украинската армија денеска изјави дека добил наредба од претседателот Володимир Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили.
Станици на метрото станаа импровизирани засолништа во главниот град на Украина, Киев. Очевидци за Си-Ен-Ен тврдат дека станиците се полни со луѓе, организирани во групи, кои носат со себе залихи.
Бројот на загинати во украинската војска од руската инвазија денеска се искачи на три, соопшти граничната служба за потврдени загуби претрпени долж јужната граница со анектираниот Крим од Кремљ
Кина соопшти дека ја следи ситуацијата во Украина и повика на „воздржаност“ од сите страни откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција на европскиот сосед
Европската Комисија денеска на лидерите на ЕУ ќе им го презентира новиот пакет санкции против рускиот режим со цел да се ослабне економскиот темел на Русија
Жителите на Лавов, западна Украина, беа советувани од локалните власти изутринава, да не паничат. Според локалните извештаи, ова следува по рускиот напад врз земјата
Русија се соочува со „невидена изолација“ поради нејзиниот напад врз Украина и ќе биде погодена со „најстроги санкции“ што ЕУ некогаш ги вовела, изјави шефот за надворешна политика на блокот, Жозеп Борел