Летонскиот премиер за Си-Ен-Ен: Русија распоредува дополнителни војници и тенкови во Донбас
Руските трупи се префрлија во источниот регион на Украина, кој Русија го призна како „независен“, соопшти премиерот на Летонија, јави Си-Ен-Ен, дополнувајќи дека тоа го потврдиле и извори запознаени со најновите проценки на американските разузнавачки служби.