Карин Жан-Пјер: Протерувањето на Горман од Амбасадата во Москва е без причина
Протерувањето на заменик-амбасадорот на САД во Русија од Москва е без каква било причина, изјави денеска заменик-прессекретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Русија го протера американскиот заменик-амбасадор Барт Горман од земјата, соопшти американскиот Стејт департмент.