Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои ќе бидат стационирани како дел од контингентот на НАТО, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од-Роџер Еноксен
Домот и околниот имот на поранешниот јужноафрикански претседател и револуционер против апартхејдот во Јужна Африка, Нелсон Мандела, во Јоханесбург, е претворен во хотел и неодамна ги доби првите резервации за гости
Чешкиот претседател Милош Земан ја обвини ЦИА за „бламажа“ поради најавите за руски напад врз Украина оваа недела и повтори дека верува оти нема да има војна освен можеби ограничен конфликт во сепаратистичките области на Украина
Министрите за финансии од Групата 20 најразвиени економии во светот (Г20) денеска започнаа дводневен состанок на кој ќе разговараат за стратегиите за надминување на глобалното економско забавување предизвикано од пандемијата на коронавирусот
Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц разговараа за военото присуство на Русија во близина на границата со Украина и ја истакнаа важноста од зајакнување на источното крило на НАТО во случај на руски напад, соопшти Белата куќа.
Актуелната антируска хистерија во САД не им дозволува на американските власти објективно да гледаат на ситуацијата околу Украина, соопшти руската Амбасада во САД.
Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби.
Денеска се одржува вториот ден од министерскиот состанок за одбрана, голем дел од енергијата ќе биде и натаму посветена на кризата со Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека „во моментов има малку докази за повлекување на Русија“ од нејзината граница со Украина. Ставот на Џонсон беше искажан во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Украинскиот лидер Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел докази за повлекување на руските војници од границите на неговата земја. Тој нагласи дека Москва едноставно ротира сили.