Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска повторно го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ширење на шумските пожари и го повика да поднесе оставка.
- Искрено, не гледам дека САД се повлекуваат, наведе Мелони, додавајќи дека Трамп изјавил: „Бидејќи го сакаме мирот, нема да ја напуштиме Украина“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин ќе ја поздрави желбата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за контакти, но оти засега нема потези за контакти.
-Морав да обезбедам гас барем за домашната словачка потрошувачка - што го обезбедивме, рече Фицо во видео објавено на Фејсбук.
Членот на јапонската криминална организација јакуза, Такеши Ебисава се изјасни за виновен за заговор за продажба на нуклеарни материјали од Мјанмар на Иран, како и за шверц на дрога и оружје.
Поранешниот еврокомесар за внатрешен пазар Тјери Бретон изјави дека е правно возможно да се забрани платформата Икс, сопственост на Илон Маск, во земјите на Европската Унија.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека се обидува да го убеди повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да го олесни пристапот на европските партнери до американски воени системи, пренесува ДПА.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска изјави дека е уверен дека повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го признава Гренланд како дел од Кралството Данска, но нагласи дека неговата реторика може да биде дестабилизирачка.
Европратеници од редовите на социјалдемократите и либералите побараа на дневниот ред на заседанието Европскиот парламент, предвидено за од 20 до 23 јануари, да се стави и точка за лажните вести и говорот на омраза на социјалните мрежи.
Организацијата соопшти дека нејзината веб-страница „tenki.jp“ била под таков хакерски напад во кој мрежата ја преплавуваат голем број податоци од повеќе извори за краток временски период, пренесуваат јапонските медиуми.