„Конвоите на слободата“ се забранети во Париз
Префектот на полицијата на Париз, изутринава соопшти дека ќе ги забрани „конвоите за слобода” во Париз, инспирирани од движењето започнато во Канада во знак на протест против здравствените ограничувања, кои планираа да го „блокираат главниот град” од утре и потоа да заминат за Брисел