Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека вратата за влез на нови членки е секогаш отворена за сите земји кои ги исполнуваат стандардите на Алијансата и треба да се почитува слободната волја на суверените држави да одлучуваат по тоа прашање
Германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателите на Франција и Полска, Емануел Макрон и Анджеј Дуда го повикаа Кремљ да се вклучи во „значаен дијалог“ за европската безбедност, јави германската новинска агенција ДПА
Американскиот претседател Џозеф Бајден планира наскоро да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон за решенијата за ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки
Суд во Отава денеска издаде забрана за трубење од страна на камионџиите кои веќе цела недела протестираат против владините мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.
Британскиот премиер Борис Џонсон, денеска смени неколку луѓе во својот тим по серијата скандали кои ја загрозија неговата позиција.
Вкупниот долг на населението на САД достигна 15,6 билиони долари на крајот на 2021 година, покажуваат денешните податоци на Федералните резерви на округот Њујорк.
Европската агенција за лекови (ЕМА) почна ревизија за да процени дали вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек може да се користи како трета дополнителна вакцина кај адолесценти на возраст од 12 до 15 години.
Компанијата Џонсон и Џонсон на крајот на минатата година, незабележливо ја затвори својата единствена фабрика која произведува нова серија вакцини против Ковид-19, јави „Њујорк Тајмс“.
Белгиската полиција уапси 13 лица по рации во и околу пристанишниот град Антверпен, како дел од истрага за наводни терористички активности.
Американската администрација е подготвена да го продолжи дијалогот со Русија за безбедносните гаранции во Европа, изјави постојаниот претставник на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер.