Австралија целосно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани носители на визи од 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон откако земјата беше затворена за странци речиси две години за да се намали заканата од ширење на коронавирусот
Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон, прогласи вонредна состојба во градот за да помогне во справувањето со досега невидените 10-дневни блокади од возачите на камиони кои протестираат и го парализираа канадскиот главен град
Истражувањето спроведено во Германија покажа дека довербата во демократијата во земјата е намалена и дека 23 отсто од граѓаните сметаат дека земјата е на пат кон диктатура, јави Анадолија
Во јануари 2021 година, во Европа имаше околу 60 милијарди кубни метри гас во складиштата, што е исполнетост од 52 отсто
Германската железничка компанија Дојче Бан денеска соопшти дека сака целосно да ги отстрани дизел горивата од своите возила и да ги замени со биогорива до 2040 година
Името на среќниот добитник се уште не е откриено, но познато е дека тој ги погодил петочните добитни броеви 3, 25, 38, 43, 49 и Lucky Stars 03, 07
Авион со неколку десетици елитни американски војници и опрема е забележан како денеска слетува во југоисточна Полска во близина на границата со Украина, јави американската телевизија Еј-Би-Си
Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека во случај да победи на претстојните избори ќе донесе одлука Франција да го напушти НАТО
Претседателот на германската Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц изрази надеж дека САД нема да се мешаат во европските работи, особено во реализацијата на проектот Северен тек 2. Ваквото мислење тој го искажа во интервју објавено денеска за весникот Билд ам Зонтаг
Чешкиот претседател Милош Земан соопшти дека е против тоа неговата земја да испрати војници заради зајакнување источното крило на НАТО