СЗО: Над 360 милиони потврдени случаи на заразени со Ковид-19 во светот
Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 360 милиони, а бројот на починати – 5,62 милиони, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците што ги објави синоќа, досега се регистрирани 360.578.392 заразени и 5.620.865 починати.