Американската компанија Модерна синоќа објави дека започнала клинички испитувања на засилувачка доза на вакцина дизајнирана специјално за борба против варијантата на коронавирусот Омикрон
Парламентарното собрание на Советот на Европа ја повика Русија да спроведе истрага за труењето на главниот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор
Оптимизмот меѓу деловните лидери е на највисоко ниво во последните 10 години, според глобалното истражување на PricewaterhouseCoopers
Американската администрација соопшти дека одлуката на Светската трговска организација (СТО) да и дозволи на Кина да воведе компензациски царини во износ од 645 милиони долари против САД е „длабоко разочарувачка“ и ја нагласи потребата од реформи на СТО
Италија ќе ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот за сите посетители од земјите на Европската унија од 1 февруари, соопшти Министерството за здравство
Русија и Украина ќе ги продолжат разговорите со француско-германско посредништво за две недели во Берлин, изјави специјалниот руски пратеник за украинскиот конфликт Дмитриј Козак
На азиските берзи денеска цените на акциите драстично паднаа, по поагресивните од очекуваните пораки од Федералните резерви на САД за затегнување на монетарната политика за да се ограничи високата инфлација
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека сите страни вклучени во прашањата околу Украина треба да останат смирени и да се воздржат од дејствија кои поттикнуваат тензии и криза
САД и Велика Британија анализираат да испратат по 1.000 војници во Романија, Бугарија и Унгарија, објави Дејли телеграф
НАТО вчера и испрати на Русија писмен одговор на нејзините барања, велејќи дека безбедносната криза во Европа може да се реши со дијалог и дипломатија