„Њујорк Тајмс“: „Хавана синдромот“ е предизвикан од еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес
Повеќето случаи на таканаречениот „Хавана синдром“ може да се објаснат со еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес, а не со дејствија преземени од странска сила, соопшти денеска весникот „Њујорк Тајмс“, цитирајќи претставници на американската Централна разузнавачка агенција