Турција испраќа 3.250 полицајци на СП во Катар
Турција ќе испрати контингент од 3.250 полицајци и припадници на силите за безбедност во Катар, на Светското фудбалско првенство, најави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Соулу, додавајќи оти официјална Анкара го обучила катарскиот персонал за ноемврискиот Мундијал.