Британија ќе испорача нов ракетен систем на Украина
Велика Британија ќе испорача нов противтоклопен ракетен систем на Украина, што ќе помогне да се зголемат одбранбените капацитети на Украина, која, како што денеска изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, „се соочува со заканувачкото однесување на Русија“.