Портпаролот на сомалиската Влада утринава е ранет во силна експлозија на бомба пред неговиот дом во главниот град Могадишу
Вторпат во последните два дена е нападната турската воена база во Зликан, североисточно од ирачкиот град Мосул, изјави извор од ирачките безбедносни сили за новинската агенција Шафак
Австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук, денеска ја пофали одлуката на австралискиот Федерален суд, со која се потврди неговата претходна одлука да му ја одземе визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјавувајќи дека одлуката е донесена за да се зачува безбедноста на австралиската заедница
Дневниот број на заразени со Ковид-19 во Австралија денеска опадна под 100.000, прв пат во псоледните пет дена, а официјалните лица веруваат дека бранот од омикрон сојот се приближува до својот врв во Нов Јужен Велс, најтешко погодената земја на континетот
Иран ги регистрираше првите три потврдени смртни случаи од сојот омикрон, соопшти денеска Министерството за здравство, пренесе ДПА
Цунамито, што се формира по подводната ерупција на вулакнот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска оштетило најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, во западна Јапонија, јави NHK
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за Си-Ен-Ен, кажа дека Русија, од една страна, и САД и НАТО, од друга страна, се на многу различни колосеци, што е причина за загриженост
Откако лани се вратија на власт во Авганистан, талибанците од своите редови протерале 3.000 членови, затоа што биле обвинети за незаконско однесување, што е бил дел од обемниот „процес на филтрирање“, пренесоа француските медиуми
Моќните либански групи Хезболах и Амал најавија дека ќе го прекинат бојкотот на седниците на либанската Влада
Цунамито предизвикано од вулканска ерупција на архипелагот Тонга предизвика „значителна“ штета во Нукуалофа, главниот град на архипелагот, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, додавајќи дека заканата сега е прогласена за надмината