Данската премиерка Мете Фредериксен се извини откако беше снимена без маска во продавница, спротивно на новите анти-ковид правила
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Индонезија, а локалните власти соопштија дека нема жртви или материјална штета
Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми
Индиските безбедносни сили по грешка убиле неколку цивили во село во северозападната држава Нагаланд, информираа владини претставници
Тест на противвоздушната одбрана во регионот Натанц в о централен Иран ја предизвика вчерашната експлозија што се слушна на дваесетина километри од нуклеарниот комплекс Чахид Ахмади-Рочан, соопштија воени претставници
Најмалку 13 лица загинаа во ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава, додека десет лица кои биле заробени се успешно евакуирани, соопшти државната агенција за вонредни состојби
Русија ги негира наводите на американските медиуми за потенцијален руски напад врз Украина, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат да ја влошат ситуацијата
На индонезискиот остров Јава вторпат годинава еруптираше активен вулкан
Најмалку 30 лица загинаа при напад, најверојатно извршен од џихадистите, врз транспортно возило во централниот дел на Мали, соопштија денеска локалните власти
Светските економии се во голема неволја затоа што работниците почнаа масовно да даваат откази од нивните сегашни работни места, најмногу во продавниците и услужниот сектор