Британскиот милијардер, бизнисмен и обожавател на Мајорка, Ричард Бренсон почна да гради раскошен хотел на овој шпански остров, инаку популарен меѓу туристите „со подлабок џеб“
Малиот карипски остров Барбадос го прошири својот дипломатски виртуелен простор, откако како прва суверена земја во светот потпиша договор за основање дигитална амбасада со платформа заснована на блокчејн-технологија
Поради големиот прилив во поединечни австриски покраини крахира системот за ПЦР тестирање односно долго време се чека на резултатите
Комисијата за пратенички имунитет на австрискиот парламент денеска ќе расправа за барањето за укинување на имунитетот на лидерот на Народната партија (ОВП) и поранешен канцелар Себастијан Курц
Американскиот претседател Џо Бајден трипати оваа година го враќал пакетот санкции против Русија подготвени од Советот за национална безбедност со образложение дека предложените мерки не се доволно остри, објави Политико
Во изминатите денови регистрирани се неколку сериозни епидемии на птичји грип во Европа и Азија, што укажува дека вирусот повторно почна брзо да се шири, соопшти Светската организација за здравје на животните (ОИЕ)
Американскиот претседател Џо Бајден ја изрази пред кинескиот колега Си Џинпинг неговата загриженост за состојбата со човековите права во Кина и го предупреди Пекинг да не прави „едностран обид“ за промена на статусот на Тајван, соопшти Белата куќа
Војници на чешката армија се испратени да им помогнат на преполните болници и социјални домови во две области во источниот дел на Чешка, изјави владин портпарол. Ваква дополнителна помош е првпат потребна по неколку месеци
Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински најави дека Варшава годинава планира да почне со изградба на ѕид на границата со Белорусија
Претседателот Џо Бајден синоќа потпиша мерка за обнова на инфраструктурата на САД во висина од 1.2 трилиони долари