Канцеларијата за поддршка на азил на ЕУ, ЕАСО, утврди зголемен ризик од прогон на одредени баратели на азил од Авганистан откако исламистичките талибанци ја презедоа власта во земјата
НАСА и „Спејс-Икс“ испратија четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС) во земјината Орбита, каде што треба да пристигнат утре
Компанијата „Боинг“ ја призна одговорноста и ќе ја надомести штетата по тужбата на семејствата на 157 лица кои загинаа во падот на авионот „737 MAX“ на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година
Судот во рускиот град Уфа донесе одлука до 9 јануари да ја притвори активиската Лилија Чанишева поради формирање екстремистичка организација
Новиот парламент во Чешка ја избра 37-годишната Маркета Пекарова-Адамова за претседател на Домот на пратеници, јави ДПА
Германија има рекорден број нови инфекции со коронавирус, 50.196 нови случаи за 24 часа, што е знак за силата на овој бран на епидемија што ја погоди земјата, соопшти Институтот „Роберт Кох”
Палестинскиот премиер Мохамед Штаје во средата го предупреди Израел дека израелското отфрлање на решението за деценискиот конфликт според моделот на две држави може да го одржи системот на апартхејдот и на крајот да доведе до реалност на држава во која земјата ќе го изгуби својот еврејски карактер
Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди дека азиско-пацифичкиот регион не смее да се врати на тензиите од времето на Студената војна и повика на поголема соработка во закрепнувањето од пандемијата на Ковид-19 и борбата против климатската криза
Основачот на „Тесла“, Илон Маск, продаде акции во вредност поголема од 1,1 милијарда долари, јави Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на финансиски документи
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш смета дека ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница треба да се реши врз основа на меѓународното право и не треба да стане извор на тензии меѓу земјите