Околу 60 проценти од Американците не се согласуваат со политиката на Трамп
Претседателот на САД, Доналд Трамп продолжува да добива лоши оценки од мнозинството Американци кога станува збор за неговиот целокупен ангажман, иако доби релативно добра оценка за економската политика, покажуваат резултатите од најновата анкета на Асошиејтед прес и НОРЦ Центарот за истражување на јавните прашања.