Во САД поднесени осум илјади тужби против Монсанто
Компанијата Баер соопшти дека бројот на американски тужби против Монсанто, кој неодамна го презеде, се зголеми од 5.200 на околу 8.000, откако на Moнсанто му било наредено да плати отштета поради тоа што не предупредил за наводни ризици од рак од препарати за уништувањее коров на база на глифосфати.