САД, Велика Британија и Франција се заканија со соодветни мерки при нов напад во Сирија
САД, Велика Британија и Франција ветија дека ќе преземат соодветни мерки доколку сириската влада изврши нов хемиски напад. Изјавата беше дадена по повод петтата годишнина од инвазијата со сарин во предградие на Дамаск, Гута, за што тие ги обвинија силите на претседателот Башар ал- Асад.