Италија прими брод со 177 мигранти, но бара да бидат преземени од други членки на ЕУ
Италијанските власти денеска му дозволија на бродот на крајбрежната стража Дичиоти, на кој се наоѓаат 177 мигранти, да се вкотви во Сицилија. Мигрантите, кои беа примени на бродот во малтешки територијални води, четири дена беа во неизвесност околу тоа дали ќе можат да се истоварат во Италија.