Адвокатот на американскиот свештеник Брунсон најави жалба до турскиот Уставен суд
Исмаил Џем Халавурт, адвокат на американскиот свештеник Ендрју Брунсон, најави дека до крајот на месецот ќе поднесе жалба до турскиот Уставен суд. Брунсон е обвинет за врски со мрежата на Фетула Ѓулен и беше притворен во декември 2016 година, а неодамна беше пуштен во домашен притвор.