Над два милиона верници се собраа на Арафат на аџилак
Повеќе од два милиона муслимански верници се собраа на планината Арафат, во близина на Мека во Саудиска Арабија, на еден од врвовите на годишниот аџилак. По најголемата жештина, верниците извикуваа: „Еве ме, Боже, јас одговарам на твојот повик. Еве ме".