Американската војска останува во Ирак се додека е потребно
Американските сили ќе останат во Ирак се додека е потребно, со цел да се стабилизираат регионите кои претходно беа под контрола на екстремистичката група Исламска држава, истакна полковникот Шон Рајан, портпаролот на меѓународната коалиција, предводена од САД, што се бори против екстремистите.