Началникот на Генералштабот на Иран одговори на заканите на Трамп
Началникот на Генералштабот на иранската армија генерал Мохамед Багери денеска им порача на САД „да не го влечат лавот за опашката“ и дека ќе се соочат со сериозни, незамисливи последици доколку го нападнат Иран, јави новинската агенција ИРНА.