ИД ја презеде одговорноста за нападот во Кабул, цел бил потпретседателот
Терористичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во близина на аеродромот во Кабул, при што загинаа 14 лица. ИД прецизира дека цел на самоубиствениот напад бил авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум.