Фортифај рајтс: Војската на Мјанмар систематски ги подготвувала нападите врз Рохинџите
Армијата на Мјанмар системaтски се подготвувала за напади врз муслиманското малцинство Рохинџи одземајќи им ножеви и вооружувајќи немуслимани-цивили. Тие, исто така, ги принудувале Рохинџите да ги отстранат заштитни огради околу своите домови, соопшти денеска независната организација Фортифај рајтс.