Кинескиот увоз од Северна Кореја во јуни опаднат за 92,6 отсто
Кинескиот увоз од Северна Кореја во јуни опадна за 92,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Увозот се намали поради санкциите на ОН со цел Пјонгјанг да се принуди на запирање на нуклеарните и ракетните програми, соопшти кинеската Царинска управа.