Нови експертизи потврдија дека остатоците на семејството на Николај Втори се автентични
Комплексни молекуларно - генетички експертизи потврдија дека остатоците кои во 1993 и 2007 година беа откриени во близина на рускиот град Екатеринбург се на поранешниот император Николај Втори, членови на неговото семејство и луѓе од нивното опкружување, соопшти Истражниот комитет на Русија.