Кандидатурата на млада социјалистка предизвика раскол во Демократската партија во Њујорк
Неочекуваната победа на млада, крајно левичарска кандидатка во партиските избори предизвика раскол во Демократската партија на САД во Њујорк. Александрија Окасио Кортез (28) го победи Џо Краули, демократскиот конгресмен кој 20 години ја претставуваше 14-ата изборна единица во њујоршката област Бронкс во Конгресот на САД.