Откако и се нафрли утринава, Трамп изјави дека имал „одлична“ средба со Меркел
По утринските остри критики на сметка на Германија, за нејзиното одбивање да троши повеќе за одбрана и за договорот за гасоводот Нордстрим, американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со канцеларката Ангела Меркел за која рече дека била одлична.