Повеќе од 1.000 луѓе се удавија во првите шест месеци од годината во Средоземно Море, на пат од Либија кон Европа, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Европската комисија денеска соопшти дека итно ќе додели дополнителни средства за Шпанија и Грција, наменети за подобрување на условите во центрите за прием на мигранти во овие две земји.
Бројот на руските туристи во Турција во периодот од јануари до мај 2018 година се зголемил за 49,6 отсто и зазема лидерско место по број на посети, соопшти Асоцијацијата на туроператори на Русија.
Бишоп нагласи дека Австралија ја донела ваквата одлука откако палестинските автономни власти не одговориле на нејзиното барање од крајот на мај за гаранции дека „австралиските пари нема да се трошат за тоа за што не се наменети“.
Поради ескалација на борбите во југозападна Сирија, последните две недели бројот на раселени лица во тој дел од земјата се искачи над 270.000, изјавија претставници на Обединети нации во Јордан.
- Националните решенија не се никакви решенија, изјави Мас, по средба со бугарската колешка Екатерина Захариева, на која се заложи за изнаоѓање европски решенија за прашањето на мигрантите.
Француската министерка за правда Никол Белубе изјави дека дроновите кои се забележани пред повеќе месеци над затворот во Рео можеби се поврзани со бегствиото на Редоан Фаид, кој од затворот побегна со хеликоптер.
Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила 23 лица обвинети дека учествувале во линчувањето на пет лица во текот на викендот кои биле лажно обвинети за киднапирање деца.
Канадскиот рапер Смоук Дог (21) е убиен во улична престрелка што се случила викендов во градот во којшто живее, Торонто, јавуваат локалните власти.
Градоначалникот на Танауан на Филипини, Антонио Кондо Халили денеска е убиен за време на церемонијата на кревање на знаме.