САД подготвуваат воена база во Тексас за сместување илегални имигранти
Министерството за внатрешна безбедност на САД, бара на територија на воена база да бидат подготвени места за сместување 12.000 илегални имигранти со нивните семејства, вклучувајќи и деца, приведени во момент на нелегално преминување на јужната граница на државата.