Двајца малолетници се пронајдени мртви во автомобил во гаража во Рашка изминатата ноќ. Според првичните сознанија на полицијата, причина за смртта на момчето Н.П. (17) и девојката Д.П. (15), е задушување од издувни гасови, пренесуваат српските медиуми.
Независниот синдикат на наставниците на Србија соопшти дека прекин на наставата ќе има во повеќе од 35 отсто од училиштата во земјата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ доцна синоќа изјави дека државата Србија ќе ги издржи сите надворешни удари, а нејзините граѓани наскоро повторно ќе излезат на гласачките кутии, пренесе Бета.
Адвокатската комора на Србија (АКС) на својата денешна вонредна седница соопшти дека одлучила целосно да ја прекине работата на адвокатите низ Србија на 7 дена, до 20 јануари, како поддршка и приклучување на барањата на студентите.
Во Нови Сад денеска напладне почна протестниот марш на универзитетските наставници, истражувачи и студенти „4.000 наставници, 4.000 чекори“, пренесува Бета.
Секогаш е чест и задоволство да бидеме домаќини на нашите унгарски пријатели Виктор Орбан и Петер Сијарто во Белград.
Кирјакос Мицотакис и Фридрих Мерц разменија мислења и за европската одбрана.
За актуелните меѓународни и регионални предизвици телефонски разговарале министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија Јоргос Герапетритис и Георг Георгиев и изразиле подготвеност да одржат средба, јави дописничката на МИА од Атина.
Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил.
Снимката која ја објави Јутарњи отвора бројни прашања. Од Владата засега нема реакција. Медиумите побарале одговор од владиниот портпарол Марко Милиќ.