Народното собрание на Бугарија одобри од 1 јули минималната пензија во земјата да достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи на 2.000 лева (1.000 евра)
Албанија не може да си дозволи да купи и одржува авион за гаснење шумски пожари, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши пред парламентарната комисија за безбедност
Спортски авион „Цесна“ утрово се урна на островот Брач, oбјави Слободна Далмација
Југоисточно од грчкиот остров Крит рано утрово биле спасени околу 220 бегалци и мигранти, кои со мал рибарски чамец тргнале од Либан, а крајната дестинација била Италија
Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата
Шестиот економски форум на Босна и Херцеговина започнува денеска во Сараево со главен фокус на целите за одржлив развој како трансформатор на општествените промени со посебен акцент на предизвиците со кои се соочува регионот и земјите во развој како БиХ и Западен Балкан
Уставниот суд на БиХ ја донесе оваа одлука откако петнаесет членови на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ иницираа спор меѓу Босна и Херцеговина и Република Српска.
Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест.
Во сите случаи патролните бордови на крајбрежната служба реагирале и по навременото откривање, ниту еден од чамците не навлегол во грчките територијални води, а патниците биле преземени од турската крајбрежна служба.
Традицијата за доброволно дарување крв во албанската Влада продолжува и годинава, во знак на, како што велат, човечката солидарност.