Во периодот јануари-октомври Грција ја посетиле над 33 милиони туристи, а приходите надминуваат 20 милијарди евра
За 9,2 проценти е поголем бројот на туристи што ја посетиле Грција во периодот од јануари до октомври годинава, споредбено со лани, а приходите се зголемиле за 5,5 отсто, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.